БЕСИМИ И БЕЖОСКА ОД ВАШИНГТОН : МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Е СТАБИЛНА

0
301

Во рамки на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка во Вашингтон, средба со директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева остварија Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и Министерот за финансии Фатмир Бесими.

На состанокот се разговарало за ефектите на успорувањето на растот на светската економија,  глобалните ценовни притисоци, повисоките цени на енергенсите, храната и металите врз одделните економии. Како резултат на кризата во Украина и ефектите кои ги има врз глобалните синџири на добавување, ММФ прогнозира пад на БДП од 6,1% во 2021 година на 3,2% во 2022.

Според соопштението на Министерството за финансии, Бесими истакнал дека се уште не е дефинирана прераспределбата на средства, но дека тие ќе се насочат за поддршка на граѓаните и стопанството за надминување на предизвиците кои ги наметнуваат глобалните движења.

„Сѐ уште не е дефинирана прераспределбата на средства, но едно е јасно, дека тие ќе се насочат за поддршка на граѓаните и стопанството за надминување на предизвиците кои ги наметнуваат глобалните движења.“ – изјави Бесими.

Според гувенерката на Народната банка, пак, нарушувањата на глобалните синџири на добавување, и повисоките цени на енергијата ќе го успорат светскиот БДП за годинава во однос на минатата за околу 3 проценти.

– Нарушувањата на глобалните синџири на добавување, како и повисоките цени на енергијата, храната и металите го поткопуваат опоравувањето на економиите во постпандемискиот период. Согласно пролетните проекции на Фондот, растот на светскиот БДП од 6,1% во 2021 година ќе успори на 3,2% годинава. – изјави  Анита Ангеловска Бежоска, гувернер на НБРМ.

Конечните проекции за БДП за 2022 ќе се знаат по завршување на анализите на Министерството за финансии, на кои се уште се работи. Во новите проекции ќе се земат предвид и најновите пролетни проекции на ММФ, кои излегоа пред неколку дена“, се наведува во соопштението.

На состанокот беило истакнато дека и покрај глобалните предизвици, нашата економија ги има задржано здравите економски фундаменти и макроекономската стабилност, поради што директорката Георгиева минатата недела побара препорака за одобрување на барањето за користење на Линијата за претпазливост и ликвидност од страна на земјава, инструмент за поддршка на економиите за справување со глобалните предизвици, кој им е достапен само на земјите со здрави економски политики.

Министерот во рамките за состанокот го истакнал и значењето њето на евроинтегративниот процес за понатамошниот развој на нашата земја, но и за стабилноста во регионот.

Извор : ТВ21