БЕСА ја одби поканата на Ахмети

0
637

Централното претседателство на партијата вчера вечер одлучило БЕСА да не се појави на средбата што ја иницираше лидерот на ДУИ Али Ахмети, велат од БЕСА за 24 вести.

Ахмети ги покани лидерите на сите партии на Албанците што освоија пратенички места во Собранието денеска на ручек за да се обидат да се договорат за заедничка албанска платформа и заеднички став за албанските барања.

Досега поканата ја прифатија единствено од Алијансата за Албанците, додека од ДПА нема одговор дали ќе се појават.