БЕСА поднесе приговори до ДИК за ИЕ2 и ИЕ6

0
793

Движењето БЕСА денеска поднесе приговори до Државната изборна комисија за изборните единици 2 и 6, заради тоа што тие обвинуваат дека им биле неправедно одземени два мандати – еден од ВМРО-ДПМНЕ и еден од ДУИ.

Од БЕСА велат дека на изборите имало низа нерегуларности, како групно семејно гласање, агитирање, но и изнесување на гласачки ливчиња.

„Бројките во записникот не се гледаа јасно и им укажуваме дека постоеле разни можности за манипулација со нив. Членот на избирачкиот одбор сликал неколку страни од Избирачкиот список и потоа ги праќал до луѓе надвор од избирачкото место за да покаже кои гласачи треба да дојдат да гласаат заради тоа што се уште не гласале. На неколку гласачки ливчиња не е ставен печат со цел тие подоцна да бидат прогласени за неважечки“, вели Блерим Сејдиу од БЕСА.