БЕСА : Заводот за статистика објавува лажни информации

0
548

Неодамна во медиумите се објави веста за посетата на експертите од ЕУРОСТАТ во Државниот завод за статистика за да ја скенираат одблиску работата на оваа институција. Имајќи во предвид дека последната посета на експертите од ЕУРОСТАТ беше во 2010 година, во исто време свесни дека до следната посета може да помине многу време, сакаме да ја искористиме оваа можност јавно да му поставиме неколку прашања на ДЗС, со цел на поточно информирање на експертите и на јавноста, велат од Движењето Беса.

„Тоа што не поттикна да го преземаме овој чекор е фактот дека од оваа институција постојано се давале неточни информации, за што Движењето Беса постојано реагираше. Последниот што беше погрешно информиран од оваа институција беше и Народниот правобранител.

Затоа Движењето Беса им сугерира на странските експерти да им ги поставуваат следниве прашања на ДЗС:

Како се случи за време кога имаше обид за попис на населението во 2011, од вкупно 39 групи на државни инструктори, ниту еден не беше предводен од Албанец? Како се случи, од осумте сектори, ниту еден сектор не е предводен од Албанец? Како е можно, од 38 единици, ниту еден од нив да не го води Албанец? (од двајцата Албанци кои актуелно работат таму, едниот е вршител на должноста на раководител на сектор, а другиот координатор на единицата).

Зошто во последните неколку години бројот на Албанците вработени во оваа институција постојано паѓа? (сега околу 14% во ДЗС се Албанци и сите во најниските позиции). Зошто на Албанците кои имаат завршено високо образование не им се прифаќаат дипломите и се уште продолжуваат да се сметат како вработени со средно образование? Зошто во многу од секторите од витално значење сеуште нема ниту еден Албанец вработен? Овие се само некои од точките за кои би сакале да ги информираме експертите од ЕУТОСТАТ, но и пошироката јавност“, се вели во реакцијата.