БЕСАР ДУРМИШИ ЈА ПРЕЗЕДЕ ФУНКЦИЈАТА МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА И ТРУД

0
124

Денеска (24.06.2024) во Министерството за економија, Бесар Дурмиши ја презеде функцијата министер за економија и труд.  Добредојде во министерството му посака државниот секретар Размена Чекиќ Дуровиќ која му посака успех во извршувањето на функцијата министер за економија и труд. Новиот министер порача дека ќе работи на подобрување на стандартот на граѓаните за подобар и простоен живот и на отварање на нови работни места со кои младите во татковината ќе имаат подобар и подостоинствен живот.

Дурмиши на својот прв работен како министер за економија и труд ден исто така порача дека ќе работи и на создавање на најприфатлива клима за развој и за инвестиции, олеснување на административните процедури, како и фер услови за инвестирање на странските инвеститори. Бесар Дурмиши доаѓа од Општина Тетово, каде што досега ја извршуваше функцијата претседател на Советот на Општина Tетово.