БЕНИ ШАЌИРИ КАНДИДАТ НА ДОМ И ЛДП КОАЛИЦИЈАТА ЌЕ БИЕ ПОЛИТИЧКА БИТКА ЗА ГРАД СКОПЈЕ ПРОТИВ ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ

0
333

Пејачот Бени Шеќири е кандидат за градоначалник на Град Скопје на партиите ДОМ и ЛДП. Двете партии кои заеднички ќе настапат на локалните избори ќе имаат и советничка листа за Советот на Град Скопје, која ќе ја предводи докторот Никола Пановски.

На денешната промоција, Шаќири кажа дека бил разочаран како главниот град е раководен изминативе 4 години и затоа решил да биде противкандидат на актуелниот градоначалник Петре Шилегов.

За главниот град кандидати за градоначалник покрај Шаќири и Шилегов, се и претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Георгиевски-Камиказа од Левица, Ана Петровска е кандидат на иницијативата Зелен хуман град, а адвокатот Александар Тортевски на Твоја партија.

Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври.

Извор : СДК.МК