Wednesday, June 18, 2025
32.8 C
Skopje

БЕНДЕВСКА: СДСМ СО ЛАГИТЕ ШТО ГИ ПЛАСИРА НЕМА ДА УСПЕЕ ДА ГО ЗАДРЖИ И ОНАКА МАЛУБРОЈНОТО ЧЛЕНСТВО

Зборувајќи за актуелните обвинивања на СДСМ за наводно коруптивно работење на градоначалникот на Куманово Максим Димитровски во врска со плацот за Лидл на територијата на општината, Весна Бендевска, потпретседателката на Движењето ЗНАМ ја цитираше изјавата на Лидл МК за порталот МКД.мк:

Се водиме од меѓународните стандарди и работиме во целосна согласност со локалното законодавство и прописи.

Како резултат на внимателно планирана инвестиција и транспарентен процес, ние сме присутни во Македонија речиси пет години, цврсто поставувајќи ги темелите за нашата оперативност на пазарот. Досега, нашата компанија има инвестирано повеќе од 300 милиони евра во земјата и има обезбедено стабилно и одговорно вработување за над 300 вработени. Во врска со вашиот интерес за нашата соработка со градоначалникот на Куманово и општината, можеме да кажеме дека во изминатите години работевме со низа актери и имавме исклучителна соработка со институциите на централно и локално ниво, на кои им се заблагодаруваме за нивната професионалност и партнерство. Ова ја вклучува и Општина Куманово“

На констатацијата од новинарот дека Движењето ЗНАМ е трн во око на СДСМ и на Левица и дека постојано се занимаваат со нив и ги напаѓаат, последен пат преку лидерот Максим Димитриевски за наводен криминал со ЛИДЛ, Бендевска додаде дека СДСМ со лагите што ги пласира нема да успее да го задржи и онака малубројното членство и треба да се соочат со реалноста.

ОВАА НЕДЕЛА

ТРАГЕДИЈА: ЖЕНА ПРОНАЈДЕНА МРТВА НА ГРЧКА ПЛАЖА

Пребарај.. МАКФАКС РЕГИОН Трагедија во Грција: Србинка пронајдена мртва на плажа во...

ВОЛСТРИТ ЖУРНАЛ: НА ИЗРАЕЛ МУ СНЕМУВА ОДБРАНБЕНИ ПРЕСРЕТНУВАЧИ НА РАКЕТИ

Системот „Аrrow“ не е единствената одбранбена мерка што се...

ОСУМ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЕВАКУИРАНИ ОД ИЗРАЕЛ

Вкупно 28 лица побарале евакуација по воените дејствија. Втората...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ