Белешки за рушење на Диктаторот!

0
332

Ретроспектива на 25 дневен престој пред Влада. Дали ни функционира како треба или нас не сметаат сеушете како Човечиња кои не се достојни да се погледаат.

maksim

Дека народот ја окупира 25 дена главната улица и влезот во Владата не преставува за некој „Преродбеник“ да застане и барем малце да го сврти вниманието кон сопствениот народ. Народот е тој што стрпливо и достоинствено клечи пред Влада и бара внимание од Диктаторот за да се свести за неговите деветгодишни постапки а не да се дроби само околу сопствената Амнестија и за неговите ближни Лоповчиња.

Груевски сега гледа спас од ЕУ само во неговата Амнестија!?

Нели се претстави како Преродбеник а сега доби регистрација на Диктатор. Искрено не лажеше за некои 100 чекори за напредок а излезе дека тоа биле само чекори за лоповлук над државата за задоволување само на лични интереси. Дури и контракамперите кои ги организира пред Собрание зборуваат јавно за ова ама им е добро зошто Диктаторот ги засладува со сладолед од чоколада. Каде е сега одважноста на Диктаторот да се појави непосредно меѓу сопствениот народ наместо да оди на преговори за неговата Амнестија за криминалите што ги има направено во неговото деветгодишно владеење.

Погледни го народот Диктаторе во каква беда и мизерија ги втурна да живеат!

Маката го сплоти народот по национална и вреска припадност и ги дотера пред твојата гипасно-картонска Палата да ти кажат дека си обичен Воајер, Лопов и Преварант. Вистината те погоди па почна да прифаќаш избори, посредници, промена на министри за да си ги испереш гревовите и да одглумиш некаков Добротвор пред народот.

НЕ ДИКТАТОРЕ! Твоите дела ќе бидат твоја Судска казна! Нема Амнестија!

Максим Димитриевски, претседател на совет во оштина Куманово од СДСМ и член на ИО на СДСМ