Saturday, November 2, 2024
17.8 C
Skopje

БЕКТЕШИ : СЕ ЗАМРЗНУВААТ И СЕ НАМАЛУВАААТ ЗА 13% ЦЕНИТЕ НА ТОАЛЕТНАТА ХАРТИЈА, ВЛОШКИТЕ, ВЛАЖНИ МАРАМЧИЊА, ПЕЛЕНИТЕ

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница ќе донесе Одлука со која се утврдуваат највисоки цени на трговија на мало на хигенски производи.

Согласно одлуката се утврдуваат највисоки цени на тоалетна хартија,влажни марамчиња,пелени за деца и возрасни (дајперси) и хигиенски влошки кои се применувале на 20 март во трговијата на мало, кои цени се намалуваат за 13%.

„Оваа одлука се носи согласно анализите направени во Министерството за економија имајќи ги во предвид податоците од Царинската управа. Во делот на тоалетна хартија цените на тоалетната хартија се движеле од 94,8 денари до 343,3 денари, од 1 март до 24 март 2023 година цената се движела од 94,8 денари до 205 денари а со пресметано ДДВ од 11 денари до 241 денар, а 85% од тоалетната хартија е од увоз. Кај влажните марамици цената се движи 94,6 денари во јануари, 94,5 денари во февруари и 83,2 денари во месец март 2023. Редовната царина е 6%. За пелени за деца и возрасни (дајперси) се движи 36, денари по парче до 1.600 денари по кутија, а кај за хигиенски влошки се движи 27,9 денари по парче до 63,56 денари по парче. Редовната царина е 6%“ кажа министерот Бектеши.

Министерот додаде дека одлуката за хигенските влошки се носи пред се бидејќи Законот за намалување на ДДВ на овие производи сеуште не е усвоен во Собранието.
“Имајќи во предвид дека за жал во собраниска процедура од декември минатата година има законско решение за овие производи за намалување на ДДВ од 18 на 5%, но сеуште ова решение не е разгледано во Комисијата за фианнсирање и Буџет во Собранието“ кажа министерот Бектеши.
Оваа одлука стапува на сила по објавување во Службен весник, а ќе се применува до 1 април 2023 година.

ОВАА НЕДЕЛА

МИЦКОСКИ – ФИЛИПЧЕ = 5:1 ВЛАДЕЈАЧКАТА ВМРО-ДПМНЕ ИМА НАЈГОЛЕМА ДОВЕРБА КАЈ НАРОДОТ

Довербата во владејачката партија изнесува 26%, далеку пред другите...

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ДЕНЕШНОТО ПУКАЊЕ ВО АРАЧИНОВО

Едно од двете повредени лица во денешниот оружен инцидент...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ