БЕКТЕШИ И КОВАЧЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА ТУРЦИЈА : СЕ ЧЕКА НА ПОНУДАТА ОД ТУРСКИ ,,БОТАШ” ЗА ДОСТАВА НА ГАС И СТРУЈА, ПРОБЛЕМ Е КАКО ДА СЕ ДОНЕСАТ ВО МАКЕДОНИЈА

0
493

На почетокот на идната недела турски „Боташ“ ќе ја достави понудата до Владата за количината на гас и струја што евентуално би ја испорачал како и за цената, во тој меѓувреме владиниот тим би требало да најде начин за пренос до Македонија.

Ова доаѓа по вчерашната посета на труската државна компанија на владиниот економско енергетски тим кој го предводеше министерот за економија Крешник Бектеши, а во која беа и директорите на државните енергетски компании ЕСМ, МЕПСО и НЕР, Васко Ковачевки, Орхан Муртезани и Бајрам Реџепи.

Според информациите на Телма, поднудата се очекува да биде досртавена во понеделник или вторник и во неа да се содржи цената и количината на гас и струја која би била испорачана како и испораката. Владата пак во наредните три дена треба да направи план околу преносните капацитети и нивната расположивост во претстојниот период.

Она што е јасно е дека за транспорт на гасот би се користел гасоводот „Турски тек“ и краците кон Бугарија или Грција кое што ќе има клучно влијание врз цената.