БДП ЌЕ НИ СЕ НАМАЛИ ЗА 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА – КОРОНАТА ЌЕ ОСТАВИ ТЕШКИ ЕКОНОМСКИ ПОСЛЕДИЦИ ВРЗ ЗЕМЈАВА: До јули без работа останаа над 20.000 граѓани, а компаниите извезоа помалку стока од лани во износ од над 700 милиони евра!

0
315

Стана јасно дека корона вирусот ја инфицира и економијата со рецесија и дека ниедна земја нема да биде исклучок. Одеднаш, првично планираниот раст на македонската економија од 3,8 отсто, се стопи за 7,3 процентни поени, до рецесија од 3,5 отсто, и тоа според најоптимистичкото сценарио. Во апсолутен износ, штетата врз бруто домашниот производ (БДП) се проценува на 890 милиони евра.

Од денешна дистанца, камо среќа да можеше на економски план барем да се повтори ланската година.

„Нѐ очекува поголема рецесија и од Големата депресија од триесеттите години на минатиот век“, изјави во март извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, зголемувајќи ја уште повеќе загриженоста со споредба со криза од огромни размери, која служи како пример во литературата за економска катастрофа.

Фармацевтите тргнаа во трка да пронајдат вакцина што ќе ги спасува човечките животи, а за превенирање на економските штети, властите применија веќе испробан начин на имунизација од претходни кризи, со вбризгување што повеќе пари во економиите.

Меѓутоа, искуствата покажаа дека, без оглед колку е голема дозата изразена во наjсилните валути и во што повеќе нули, сепак нема гаранција дека криза од ваков интензитет може да се спречи без никакви последици.

Линк до сторијата на ПРИЗМА.