БАЈДЕН : АМЕРИКАНСКИТЕ СИЛИ ВО СИРИЈА ГО ЛИКВИДИРАА ЛИДЕРОТ НА ТЕРОРИСТИЧКАТА ИСЛАМСКА ДРЖАВА АБУ ИБРАХИМ АЛ-ХАШИМИ АЛ КУРАШИ

0
1123

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека американските воени сили во северозападна Сирија го убиле Абу Ибрахим ал-Хашими ал Кураши, водачот на терористичката група Исламска држава.

-Американските воени сили во северозападна Сирија успешно презедоа антитерористичка операција за заштита на американскиот народ и нашите сојузници, наведе Бајден во изјавата, додавајќи дека ниту еден војници не бил повреден за време на операцијата.

Малку е познато во јавноста за Ал Кураши, кој ја предводеше екстремистичката група по смртта на Абу Бакр ал-Багдади, кој се самоуби во 2019 година додека американските специјални сили се приближуваа кон него, пренесува ДПА.

Бајден најави повеќе детали за операцијата во текот на денот.