Saturday, December 14, 2024
1.8 C
Skopje

БАЧЕВ И СЕ ЗАКАНУВА НА ГРЦИЈА, ДЕНЕСКА САКАШЕ ДА УПАДНЕ ВО ГРЧКА АМБАСАДА, АМА ЌОСИЊАТА МУ ГИ НЕМА СИТЕ БИЛЕ ВО ЌОРКА!

На претседателот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, денеска не му било дозволено да влезе во грчката амбасада да го предаде писмото упатено до грчкиот премиер, Алексис Ципрас. Како што велат од партијата вчера секретарот на партијата договорил писмото да биде предадено денеска во 13.00 часот, но повеќе полицајци пред амбасадата денеска и застанеле на патот на делегацијата од „Единствена Македонија“.

„Делегацијата на Единствена Македонија предводена од претседателот Бачев наиде на повеќе полицајци кои по налог на грчкиот амбасадор не дозволија влез во амбасадата. Единствена Македонија го осудува ваквиот дволичен и кукавички однос на грчкиот амбасадор во Скопје“, велат од таму.

Писмото го објавуваме во интегрална форма.

„Господине премиере Ципрас,
Ги слушнав информациите дека на 17 мај во Софија, Република Бугарија, ќе остварите средба со Зоран Заев на која наводно ќе се постигне договор меѓу Република Македонија и Република Грција за проблемот со името на мојата држава.
Силно сум вознемирен од лагите и авантурата во која е втурната Атина од страна на марионетската власт во Скопје за едни така сериозни прашања за името и идентитетот на мојот народ и иднината на Република Македонија во постојните интеграции во меѓународните односи. Верувам ќе се согласите дека едно разјаснување на состојбата со името и меѓународно-политичката ориентација на мојата држава е во интерес на двете страни.
Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија не стојат зад било каков договор меѓу Република Македонија и Република Грција за промена на македонското име и идентитет. Исто така, ние не ја гледаме својата иднина во ЕУ и НАТО, туку, во стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија.
Според Виенската конвенција за договорно право, за валидноста на еден меѓународен договор, за кој се подразбира слободна согласност без уцени и закани, потребно е да бидат исполнети два општи услови:
Прво, да биде склучен од страна на надлежни органи. Зоран Заев не може да се смета за овластено лице за склучување на договор бидејќи е избран од Собрание со кое претседава нелегален претседател и според домашното право вакви договори не може да склучува владата, туку надлежноста ја има претседателот на Република Македонија.
Второ, да постои дозволен предмет на договарање. Договарања за име и идентитет преставуваат недозволен предмет бидејќи, според општото меѓународно право и правото на Обединетите нации, името на една држава е прашање на внатрешните околности, а не на меѓународното право.
Според тоа, евентуален договор за име и идентитет е ништовен според домашното и меѓународното право.
И јас, и Вие, многу добро знаеме дека доаѓаат новите геополитички поместувања на Балканот и Република Македонија нема да стане членка на НАТО и нема да го менува своето исконско име. Во новонастанатите околности, власта во Република Македонија ќе ја преземе народот, а новата легална влада на партијата Единствена Македонија која ќе произлезе од народот, ќе ја реализира јасно изразената намера на македонскиот народ за зачувување на името – Република Македонија и македонскиот идентитет.
Сакам да верувам дека нема де влезете во непотребна авантура со склучување на меѓународен договор со Зоран Заев бидејќи новата легална влада на Единствена Македонија уште на првата седница ќе го поништи таквиот договор како спротивен на домашното и меѓународното право.
Се надевам на континуиран развој на срдечни и продуктивни односи меѓу народот на Грција и новата легална власт на партијата Единствена Македонија.
Знам колку се овие прашања важни за вас, затоа, сакам навреме да Ве предупредам дека евентуалнен договор би можел да Ви се врати како бумеранг.“

ОВАА НЕДЕЛА

ПЕТРУШЕВСКИ : АРТАН ГРУБИ И СДС ПРАВЕЛЕ ПРИТИСОЦИ ВРЗ СУДСТВОТО. СЕ НОСЕЛЕ ОДЛУКИ ПО ДИКТАТ

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Артан...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ