БАТИ ЛУДИЛОТО НЕНОРМАЛНО БАТИ – КУМАНОВЕЦ ТЕПАЛ СТРУМИЧАНКИ НА КОНЦЕРОТ НА АЦО ПЕЈОВИЌ ВО СПОРТСКАТА САЛА БОРИС ТРАЈКОВСКИ

0
860

Концертот во Скопје на српскиот фолк пејач Ацо Пејовиќ, кој изминативе месеци е доста популарен во регионот поради отпеаните песни во филмот ,,Тома”, и покрај тоа што поминал во одлична атмосфера пред илјадници во публика, сепак бил одбележан и со немил настан.

Имено, на концертот кој се одржа во саботата во Арена Борис Трајковски, се случила тепачка, а полицијата морала да интервенира.

Како што информираат, во Полициска станица Карпош во 23.15 часот било пријавено дека тепачката настанала на концертот на Пејовиќ.

Бил изготвен записник за констатиран прекршок по настанот.

Концертот на Пејовиќ беше долго најавуван во земјава. Тој дури дојде предконцертно да се дружи со македонската публика минатиот месец во трговски центар, а присутните го чекаа околу два часа. Потоа, правеа склекови и пееа од неговите песни, со цел да добијат гратис билет за концертот.