Балкоски од ВМРО Народна ги налути опозициoнерите во парламентот, нарекувајќи ги ДПМНЕ: ВИЕ НЕ СТЕ ВМРО, ВИЕ СТЕ ДПМНЕ!

0
288

Единствениот пратеник на ВМРО-НП објасни дека неговата партија ја поддржува новата влада поради тоа што ги овозможи членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ.

Љупчо Балкоски, единствениот пратеник на ВМРО-Народна, партијата на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, ги налути опозиционерите во парламентот, со тоа што во својата дискусија на денешната седница постoјано ја нарекуваше најголемата опозициска партија само ДПМНЕ.

ВМРО-НП, првпат по 2006 година, освојува пратенички мандат на избори, така што Балковски влезе во десеттиот собраниски состав од листата на коалицијата „Можеме“ во втората изборна единица.

„Ова седница е свечен момент затоа што првпат избираме Влада на Северна Македонија, како членка на НАТО и земја која ги почнува преговорите со ЕУ. ВМРО-НП ја поддржува оваа Влада, затоа што овозможи исполнување на евроатлантските перспективи на државата. ВМРО-НП отсекогаш се залага за членство на земјата во НАТО и во ЕУ, за разлика од ДПМНЕ која само декларативно ги поддржува стратешките цели на земјата“, рече Балкоски.

Реплицираше Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ, која му забележа на спикерот Талат Џафери дека му дозволи на Балкоски да ја нарекува партијата како што ќе му текне.

„Тоа е исто како јас да кажам дека вие сте НП – СДСМ“, рече Стојаноска.

Балкоски одговори дека додека е пратеник ќе ја нарекува опозициската партија ДПМНЕ.

„Во ДПМНЕ не остана ништо од идеологијата на ВМРО. Целата идеологија премина во ВМРО-НП“, одговори Балкоски.