Бактериите од брадата ефикасни во борбата со тврдокорните бактерии

0
604

Тим британски научници, по многубројни тестирања, дошол до заклучок дека бактериите од човековата брада можат да содржат некои антибиотски својства кога ќе се изложат на некои многу отпорни болести, пишува „Мирор“.

Ешерихија коли, кандида албиканис и МРСА се само некои од бактериите што се отпорни на поголемиот број лекови. Таквите болести би можеле да убијат 10 милиони луѓе до 2050 година ако не се развијат лекови што ќе дејствуваат врз нив, тврдат од британската влада. Но мажите со долги бради би можеле да бидат тајно оружје во борбата против овие микроорганизми. Од стотина бактерии што се извлечени од 20 различни бради, четвртината од нив се покажале како делотворни против некои тврдокорни болести. Сега на научниците им останува да пронајдат начин како бактериите што се наоѓаат во брадите на мажите да ги употребат за лечење тешки болести.