БАГРА КРИМИНАЛНА, НЕ ЈА БИВА АКО НЕ ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ НЕКАДЕ, ОВОЈ ПАТ ПРЕД СУДОТ : Пратеникот Љубен Арнаудов бара 50 евра за изјава за медиумите, новинарите собраа пари, тој избега!

0
1009

Пратеникот Љубен Арнаудов, обвинет за насилствата во Собранието на 27 април минатата година, пред почетокот на денешното рочиште рече дека ќе даде изјава за медиумите за 50 евра, по што влезе во судот.

Обвинетиот Горан Ѓошевски – Леви, пак, рече дека сè уште не го видел Законот за амнестија, дека има различни толкувања од медиумите и дека ќе треба да се консултира со неговиот бранител за тоа дали ќе побара амнестија.

Останатите обвинети не сакаа да одговараат на новинарските прашања и тивко влегоа во судот.

Собранието завчера, по скратена постапка, со 95 гласа „за“, и без против и воздржани, го донесе Законот за амнестија за насилствата на 27 април минатата година. Согласно законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекориле службените овластувања. Секој од обвинетите ќе треба сам да побара помилување, а судот и обвинителството ќе одлучат дали амнестијата го опфаќа и него.