БАБАТА КОЈА ГО ОТРУЛА СЕМЕЈСТВОТО СО ЗЕЛНИК СО ПРАЗ ПО ГРЕШКА МИСЛЕЛА ДЕКА ПЕСТИЦИДОТ Е БРАШНО КОЈ БИЛ ЧУВАН ВО ТЕГЛА?!?!

0
720
Фамилијарно труење во Скопје заврши фатално за 47-годишната жена, која денес, по четири дена на клиника ја изгубила битката за живот.Хоспитализиран е и нејзиниот сопруг, како и нејзината свекрва, која била во кома.Причина за труењето е силен отров, метомил, познат помеѓу народот како ланате или ланата.

Истиот веќе подолг период е забранет во земјава, но сепак, широко е распространет и е најчеста причина за труење на кучиња, кои умираат во тешка агонија.

Околу тоа како овој отров завршил во питата со праз која семејството ја јадело на денот на настанот, во јавноста се појавија голем број на шпекулации.Дали се работи за високо количество на инсектицид во празот, дали отровот бил случајно ставен во брашното или пак бил намерно подметнат, се актуелни прашања на социјалните мрежи.

Со цел да се запрат шпекулациите, блиско лице на фамилијата се обрати до ,,Фокус” (идентитетот е познат на нашата редакција). Како што тврди нашиот извор, се работи за ненамерна грешка која имала кобен епилог.

-Станува збор за мајка, син и снаа. Мајката, односно бабичката, сега е во кома. На денот на настанот таа правела пита во летната кујна.Станува збор за жена во години. Веруваме дека се случило ненамерно да стави од отровот во храната, бидејќи истиот бил претурен во тегла.

Истиот момент кога почнале да се гушат снаата и синот, бабичката доживува срцев удар.За среќа, јаделе во двор и ги виделе соседите сите легнати на земја, па пришле да ги спасат – вели нашиот извор.На прашањето зошто семејството чувало таков силен и забранет отров, вели дека го чувале против глувци.

Додава дека се пишуваат секакви коментари полни со злоба, па затоа и реагира, за да дознае јавноста што всушност се случило.Настанот беше објавен и во дневниот билтен на МВР пред неколку дена, и во него беше наведено дека од Клиниката за токсикологија во полициска станица во Кисела Вода било пријавено дека кај нив биле донесени три лица од Скопје, затруени со домашна храна, која била направена во нивниот дом.