А1ОН – Нови аудиобомби : Мицкоски имал средба со Кичеец, договарале интензивна соработка за изборите во Западна Македонија”

0
438

На четири објавени тонски снимки со времетраење од 4, 17, 2 и 1 минута се слушаат разговори од состанок меѓу Мицкоски, Кичеец и женска личност, пренесе А1он.

Од разговорите може да се заклучи дека се снимени непосредно пред првиот круг на претседателските избори, во април 2019 година. Мицкоски му раскажува на Кичеец за неговите теренски активности во Охрид по што договараат стратегии за соработка за време на изборите, но и за по тоа. Во разговорите се слуша како Кичеец му објаснува на Мицкоски дека изборните резултати се тие, дека некои луѓе не можат да се одвратат.

Од разговорот се разбира дека Мицкоски и Кичеец имале и претходна соработка, бидејќи Кичеец му објаснува на Мицкоски „Кога разговаравме последниот пат ви кажав, почнав малку да се распрашувам…во Охрид сигурно ќе имате втор круг“. Кичеец во еден момент го опишува својот начин на работа и му кажува на Мицкоски дека сè што му било побарано завршил и дека тој се смета себеси за добар извршител кој не зборува многу наоколу.

Според аудиоснимките, Мицкоски во еден момент бара директна комуникација и соработка со Милески, а не „преку Петко, Станко”.

Повеќе за оваа сторија на порталот А1он ОВДЕ.