( Груевистите че се обидат вечерва да започнат војна во Македонија. )
Паднаа маските, мои “драги“ груевисти! Се виде вашето вистинско лице! Слушнавме, ама не ни се веруваше дека навистина така мислите, но денес, на 21.04.2016 г. – четврток – не ‘убедивте“ во искреноста на вашите намери и зборови.
Кои зборови?
Оние вашите – легендарни: – “А ВОЈНА ДА ИМАМЕ“!?
-“ВО ОВАА ДРЖАВА МОРА ДА СЕ СТРЕЛААТ ЕДНО СТО ДУШИ, ЗА ДА
СЕ БИДЕ КАКО ШТО ТРЕБА!“
п.с:
И после Кавас – Мавас -крстарел со белградски регистрации низ Скопје… … па потоа, Сорос давал пари за да од Македонија направи Украина… …. И демек Опозиција сме сакале војна, оти сме се плашеле од избори!?!?
А бе има ли некој нормален по тоа вашите “Бели Дворци“ – направени од лажен мермер! стиропор одличен за шкртки- мртки? ВОЈНА!
ВОЈНА !???
Вие, вие и никој друг не сака да започне војна во Македонија! Оти тоа ви е единствена шанса, последна сламка, да си ги спасите украдените милијарди. Да појавате барем уште троа по кичмата на оваа наша сиромаштија и глупавост… Желба ви е да слушнете, барем уште еднаш, како партиските послушници,кои мозокот го “чуваат во тегли“ а теглите мувлосале од неупотребување и од изминат рок, е како таа толпа – послушници, ви го извикува името, ве слави како бог…
Ви бацува рака дур парадирате по провинцијата, низ некогаш живописните местенцата – некогашни наши бисери, во кои веќе ни свињите несакаат да живеат… Ејјјј!!! Бабички ти бацуваат рака, раката која потпишала илјадници прописи, даноци, закони, поради кои, нивните синови и ќерки се одкоренија – оставајки ги црни богобојни пењушки… Кога ти ја баци раката, како се почуствува Никола, а?
Да имаше во тебе барем капка побожност, да си одгоен во тој демек здраво семеен и строго ортодоксен морал, да имаше во тебе барем “залак“ покајание и прошка … залак од последната ти причест… или да ти проструил низ ноздрвите мирисот од темјан и да те продуховил барем за малку скромност, да… да се случеше барем едно од тие “чуда“ што ги набројав… тогаш ТИ, ТИ НИКОЛА ќе клекнеше пред маката на СТАРИЦАТА, ќе и ја бакнеше, ти, нејзе раката, наместо таа твојата и ќе побараше прошка – Прошка за бедата! Бедата во која ја втурна неа лично, пилците нејзини одлетани низ туѓините, ќе побараше прошка од целото нејзино градче… ќе побараше прошка што ја запусти цела Македонија!
Но не, ти врвиш кон исток од рајот! Ходочастие нас твоите зло-мисли се упатени кон престолот во “длабокиот север“! Ти,за да купиш уште ден власт, да поносиш кралска круна и меч на генерал на војската, ти – без грижа на совест, а напротив, со налудничаво задоволство ќе ја вклучиш мелницата за човечкото мењсо и че јас започнеш војната во Македонија! Да! И тоа веднаш, че ги одврфжеш твоите крвожедни пци, твоите платени убикци, твоите убици кои дури и немораш да ги платиш – туку убиваат на пароли, малоумни црни небулози измислени од твоите политички комесари.
Николај , песните кои ги “пеат“ вашите војнички добоши и ратни труби, не слутат на добро, нмапротив, кобат, привикуваат крв, смрт, многу гробови и црни шамии! Но гајхле туи е тебе, туи си цар и ти си велиш: “Па и да загнат некоклку илјадници луѓе, при тоа извикувајки -“вмроооо“, извикувајки го некое од вашите имиња, не некое – туку твоето свето име – “ Свети Николај Економскиот Чудиотворец и Чувар на Името“ – еееејјјј…. и тоа е нешто, и тоа е чест, и тоа треба да се доживее, и тоа е секси…
Драги мои груевисти, знам дедка еректираате на таква помисла… е ете, токму затоа јас мислам дека вие сакате војна! Ама многу, многу, многу ја пржелкувате… Односно -не! Не дека сакате, туку вие се што направивте тоа врвеше во таа насока, и се што мешетарите и се што допрва планирате да мешетарите со секој нов ден, се повеќе ви ја открива намерата за ВОЈНА ВО МАКЕДОНИЈА!!!
Затоа ПОСЛУШАЈТЕ ЈА оваа КЛЕТВА, упатена од Македонскиот народ, кон вас и вашиот цар Николај!
Југослав Петровски