Monday, April 28, 2025
10.8 C
Skopje

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ГИ СТАВИ НА РАСПОЛАГАЊЕ СИТЕ РЕСУРСИ, ВЕЌЕ СЕ ПРИМЕНИ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ПАЦИЕНТИ

На располагање се 20 интензивни места за третман на најкритичните пациенти, како и целокупниот капацитет и  медицински тим на болницата неопходен за итен третман.

Клиничката болница „Аџибадем Систина” со сите свои ресурси се става на располагање за транспорт и прифаќање на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани, информираа оттаму. Веќе е направен прием на тешко повредени пациенти во болницата.

„Нашите три амбуланти возила се во постојана комуникација со медицинските центри од Штип и Кочани од каде ќе се преземаат тешко повредени пациенти – велат од Клиничката болница. На располагање се 20 интензивни места за третман на најкритичните пациенти, како и целокупниот капацитет и  медицински тим на болницата неопходен за итен третман. Болницата е во постојана комуникација со Министерството за здравство и се вклучува во помош онаму каде е најпотребно.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЛИПЧЕ: МАКЕДОНИЈА ГОДИНАВА ЌЕ БИДЕ СО НАЈНИЗОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ