АЈМО ДЕЧКИ НЕК СЕ УГОДЕ : Браќата ЕВРОПЈАНИ од Полска го ратификуваа Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

0
1079

Полскиот парламент денеска го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. За ратификација на Протоколот гласаа 388 пратеници, еден беше против, а двајца воздржани.

Во образложението на Законот за  ратификација на Протоколот, се вели дека приемот на Северна Македонија во НАТО ќе придонесе за стабилизирање на Балканот и ќе помогне за продолжување на реформите во тој дел на Европа. Влезот на Северна Македонија во НАТО, се нацедува во законот, е и потврда дека вратата на Алијансата останува отворена, за што Полска силно се залага.

Полска е десетата земја што го ратификува Протоколот. Прва тоа го стори Грција, а по неа и Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Романија, Литванија и Данска.

Земјите членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји членки на Алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.