Ајкули отпорни на топлина пронајдени во кратер на вулкан

0
837

Два вида на ајкули и една ража се забележани во кратерот на вулканот Кавачи, кој се наоѓа на Соломонските острови и кој во последниве 100 години има еруптирано 20 пати.

Кога научниците ја спуштиле камерата во кратерот на подводниот вулкан, не очекувале дека таа ќе сними ража и дури две ајкули. Во киселите и топли води пливала ајкула рамо до рамо со чекан-ајкула.

640523ajkula-youtube-national-geographicf0

Истражувачот Бренан Филип, кој ја испратил камерата да ја истражи внатрешноста на вулканот, не очекувал дека во тие води ќе здогледа ајкула.

Ајкулите пливале во калдерата на вулканот, место кое за многу други суштества е смртоносно.

“Ова сознание се коси со она што претходно го мислевме во врска со вулканот Кавачи, а тоа е дека еруптирал минатата година. Доколку навистина се случило тоа, во неговиот кратер не би имало ниту едно живо суштество. Исто така, се покренаа бројни прашања, како тоа што ги наведува ајкулите да живеат во толку ризично окружување, дали некогаш го напуштаат своето живеалиште и дали постои некој показател на основа на кој знаат кога ќе се случи ерупција”, вели Филипс.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=0e3t18rrjOA[/youtube]