АЈДЕ СИТЕ ПОДДРШКА ЗА ПАВЛЕ! Шарена револуција повикува на собир за поддршка на Павле Богоевски пред кривичниот суд во Скопје

0
421

Повикот објавен на страницата „Шарена револуција“:

„Еден за сите, сите за еден!

На 05.10.2016, Среда, во 10:45 ние ќе бидеме заедно со нашиот соборец Pavle Bogoevski, пред Основниот Суд Скопје 1. Ве повикуваме да ни се придружите.

Продолжуваат притисоците врз луѓето кои секојдневно протестираа и протестираат против овој режим. Продолжуваат да се судат граѓани кои ја критикуваат власта додека криминалците шетаат слободно, уништуваат докази и траги од веќе сторени и вршат нови кримични дела!

Обвинителството на Зврлевски го товари Павле за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Оваа, прва кривична пријава за боењето на симболите на криминалниот режим во Скопје е уште еден обид за обвинителството и судството од тефтерот на Горде да делат селективна правда.

Павле ќе може да го судите само кога Груевски ќе седи на обвинителната клупа во соседната судница, пред навистина независен и непристрасен Суд!

До тогаш, ако НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР!“