АЈДЕ, ДА ГИ УРНИСАМЕ ПРИНЦИПИТЕ НА ВЛАДЕЕЊЕ НА ОВАА ВЛАСТ !

0
587

Им доаѓа крајот, колку и квалитетно да се борат и опираат. И со други режими наизглед изгледало тешко и безизлезно и еден ден браната која што е напукната едноставно пука…

Гледате што им вели Америка, што им вели Европа, бурарскиот премиер рече дека нејќе ниту кафе да пие со Груевски и бега кога случајнио ќе го сретне по меѓународни евенти, видовме каков шамар им залепи и Вучич…

Јас лично приметувам колку се растревожени и во паника независно што пред камера држат континуитет…

Но независно од тоа кој што вели, сè зависи од нас!

Ние сме најбитен чинител и фактор за разрешница на оваа политичка криза! Ние, граѓаните на оваа земја!

Ајде, да ги стиснеме криминалците! Ајде, да ги сместиме тамо каде што им е местото!

АЈДЕ, ДА ГИ УРНИСАМЕ ПРИНЦИПИТЕ НА ВЛАДЕЕЊЕ НА ОВАА ВЛАСТ !!!

ЗА ДОБРОТО НА СИТЕ НАС!!!

Од фејсбук зидот на  Зоран Јовановски