АЈДЕЕ, ХАОС ВО ВМРО ДПМНЕ: МИЦКОВСКИ РАСПАЛИ ПО АНТИКВИЗАЦИЈАТА КОЈА ЈА ВОВЕДЕ НЕГОВАТА ПАРТИЈА И ФРЛИ 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА ВО НЕА?!?!

0
1067

-Не треба никој од нас да биде среќен зошто ние добивме не во Брисел. Треба да сме сите тажни бидејќи не добивме поради корупцијата, арамилукот, пашалукот и криминалот на тој што сакаше да ја приватизира европската иднина на нашата држава и на нашите граѓани, рече денеска лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во Драчево во рамки на „Разговори за обнова на Македонија“, кој ја обвини власта дека европската иднина ја претворила во политичко да се биде да или не на Зоран Заев.

Тој рече дека битката за Европската унија била основната цел на ВМРО-ДПМНЕ уште од нејзиното формирање јуни 1990 година кога, како што рече „ овие од СДСМ југоносталгичарите уште се колнеа во Белград и Москва“.

-Ние сме граѓани на Европа, ние припаѓаме во Европа и таму е нашата иднина, сите вие, сите ние сме европски граѓани и заслужуваме таква иднина со систем на вредности кој што е многу поразличен од тоа што денеска го нуди Зоран Заев и СДСМ, рече Мицкоски.

Освен што ја критикуваше политиката на актуелната власт, нарекувајќи ја „севернизација“, тој ја критикуваше и онаа на неговиот претходник Груевски антиквизацијата, нарекувајќи ја својата политика „промоција на македонизмот“.

-Нема да одиме во крајноста на антиквизацијата, но истовремено нема да одиме во крајноста и на севернизацијата туку ќе одиме право во срце и ќе го промовираме македонизмот, македонизмот кој што ќе биде основна алка која што ќе ги обединува сите граѓани на Македонија без разлика на нивната етничка припадност. Ќе успееме така што ќе ја вратиме правната држава, каде што ќе нема привилегирана каста на луѓе и политичари, каде што секој оној кој што се огрешил пред законите и се осрамотил пред граѓаните ќе одговара без политичка интервенција. Тоа е првиот чекор за да успее македонизмот , тоа е срцето на Македонија , како да успее македонизмот, сето останато е политичка алатка и лага, рече Мицкоски објаснувајќи што подразбира под македонизам.