АЈДЕЕ ПА НЕЛИ БЕА НЕВИНИ: Илија Димовски и Гордана Јанкулоска ги молат судиите да ја уважат аболицијата на Иванов?!?!

0
925

Неизвесно е дали повикувањето на обвинетите во судските предмети на Специјалното јавно обвинителство дека еднаш се веќе помилувани од претседателот Ѓорге Иванов, ќе опстои. Денеска на таа аболиција преку адвокатите се повикаа обвинетите Илија Димовски и Гордана Јанкулоска во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности, со 21 обвинет.

„Треба да се проверат две работи по однос на постапките со помилувањето. Дали претседателот Ѓорге Иванов имал право да ги аболицира можните осомничени и на кој член од законот се повикал во можните предмети на Специјалното јавно обвинителство и дали тие одлуки на Иванов се правосилни. При оценката на обвинението, тие беа одбиени. Затоа обвиненијата и опстојаа, поинаку ќе беа отфрлени“, изјави на денешниот брифинг претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев.

Дотогаш судијата мора да ја тера постапката, а ако повисок суд одлучи поинаку, Основниот суд Скопје 1 ќе ја почитува и ќе постапува по таа одлука, рече Џолев. Амнестијата на Иванов повторно стана актуелна откако грчките новинари и дописничката на МИА јавија дека Врховниот суд на Грција донел одлука да не ги екстрадира, наводно, зашто биле еднаш помилувани од шефот на државата Иванов.