АЈДЕЕЕ ТУТУНАРИТЕ ЌЕ СЕ ОМРСАТ ДЕБЕЛО ПРЕД НОВА ГОДИНА : ВО ПРИЛЕП ЗАПОЧНА ОТКУПОТ НА ТУТУНОТ ОД ГОДИНЕШНАТА РЕКОЛТА

0
540

Во присуство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, директорот на Државниот земјоделски инспекторат, Зоран Шапуриќ, градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет на општина Прилеп, Миле Талевски, денеска во откупниот пункт на Тутунски Комбинат АД Прилеп официјално беше означен откупот на тутун за годинешната реколта.

Ресорниот министер, Трајан Димковски истакна дека откупот ќе го вршат 9 компании кои имаат обезбедно средства за исплата на преземениот тутун и дека согласно законската регулатива, сите откупни пунктови треба да започнат со работа најдоцна до 15 декември.

„Досега вкупно се верифицирани 226 мостри а евидентирани се 210 откупни пунктови. Годинава тутунот беше засаден на 13.342 хектари и склучени се 32.798 договори. Издадени се вкупно 20.993 евидентни листови, кои со новиот Закон за тутун од следната година се укинуваат, што ќе им ја олесни постапката на тутунопроизводителите. Според нашите процени, оваа година очекуваме околу за околу 6 отсто поголемо производство во однос на минатата година. Исто така, во соработка со Сојузот на тутунопроизводители, на откупните ваги се поставени лиценцирани контролори и очекуваме една добра сезона и редовен откуп“, истакна министерот Димковски.

Што се однесува на цената на класите на тутун, директорот на Тутунски Комбинат АД Прилеп, Кире Станкоски рече дека пред секое склучување на договори помеѓу тутунопроизводителите и откупувачите, во Стопанската комора има консултации околу формирањето на цената, што значи дека преку своите претставници, тутунопроизводителите учествуваат во формирањето на откупната цена. Годинава, прилепскиот Тутунски Комбинат ќе откупи околу 3.000 тони тутун, откупот ќе го врши на 25 откупни пунктови со 34 ваги, а исплатата ќе се врши следниот ден по преземањето на тутунот.

Се очекува годинешниот род да тежи околу 24.000 тони, од кои 17.000 тони ќе бидат произведени во Пелагонискиот регион. Минатата година, тутунот се откупуваше за просечна цена од 217 ден/кг, а поради добриот квалитет, првичните процени велат дека годинава таа ќе биде повисока.