АЈДЕЕЕ, БОКИ 13-КА ПОЧНА ВО СВОЈ СТИЛ, СО ТЕШКИ СКАНДАЛИ: Иако се фалеше дека емисијата Инсајдер е со лиценца, излезе дека ја украл емисијата?!?!

0
867

Во своето последно гостување во вестите на 1 ТВ, Боки едно 10 пати кажа дека Инсајдер се прави според строги правила според лиценцата за емисијата, сега излезе дека нема никаква лиценца и дека емисијата е украдена како концепт?!?!

Откако Инсајдер продукција од Србија реагираше дека македонската телевизија 1ТВ неовластено го користи логото на емисијата во проектот Македонски инсајдер, сопственикот на 1 ТВ, Бојан Јовановски вели дека лиценцата што ја имаат е од Австрија и нека никаква врска со регионалниот Инсајдер.

1ТВ најостро ги демантира тврдењата на „Инсајдер Продукција ДОО“ од Р.Србија, каде што на својот портал објави дека подготвува тужба поради телевизискиот проект „Македонски Инсајдер“, најавен на 1ТВ.

Во ниту еден момент, 1ТВ не била обврзана за дозвола од српската „Инсајдер продукција ДОО“. „Македонски Инсајдер“ е телевизиски формат засебен за територијата на Република Македонија, во согласност со позитивните прописи на Република Македонија.

Ништо нема да го спречи објавувањето на „Македонски Инсајдер“.

Продукцијата од Србија претходно најави дека подготвува тужба против македонската телевизија „1ТВ“.

„Поради поврзувањето со Инсајдер кој е регионален познат формат, Инсајдер продукција прво упати опомена до телевизијата, а сега се подготвува и тужба. Инсајдер продукција во Македонија поднесе барање за признавање на логото Инсајдер, односно на името и на графичкото решение и во тек е постапката за регистрација. Во тужбата која се подонесува поради повреда на правата од пријавата за логото има и барање да се одреди привремена забрана за емитување на емисија до правна разрешница на случајот“, се вели во соопштението од Инсајдер продукција од Србија.