Љупчо Андоновски, советник на министерот Наќе Чулев, кој го придружуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во кафеаната на Боемска улица даде исказ во полициска станица. Андоновски пред медиумите го правдаше Мицкоски, велејќи дека тој договорил со газдите на кафеаната да седнат во затворениот дел на објектот, иако тоа беше забрането со уредба донесена од Владата. Според Андоновски, ваквото прекршување на мерките не е значајно како други работи кои се случувале во државата.
Извор А1он, прилогот ќе може да го погледнете на следниот линк ОВДЕ