Ова што го прават одредени граѓански активисти очигледно е едно од најголемите лудила и брцање нож во грб на народот и опозицијата, како на пример денешното забивање на нож во грб од страна на партијата и претседателот на ПЦЕР. Очигледно е дека претседателот на ромите од ПЦЕР, Самка Ибраимовски повеќе не верува во концептот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој води ревносна битка со ВМРО-ДПМНЕ за куртул од диктатурата во Македонија па сега ако не друго барем да се испазари па ако биде биде, ако не бар ќе лапа пратеничка плата.
Вакви урлања, плачипичења и цмиздрења за пратенички места се досега невидени, овие јавни роварења одат во корист само на ВМРО-ДПМНЕ и на никој друг. Неверојатно е на што се ќе се сведе еден човек кога ќе му се спомне платата од 1.000 евра месечно или директор во некое јавно претпријатие во државата.
Политичките испади како на Самка Ибраимовски од ПЦЕР и на дел од копуците на невладини СОРОС расштрклани по социјалните мрежи за опозицијата се многу опасни и не се единствени, тука се на припомош и одредена бројка на напувани, дрски и арогантни граѓански активисти кој уствари се тешки шупци кои наместо да го гледаат интересот да падне диктатурата по мирен пат на парламентарни избори тие отвораат банални дебати за личен став и сето тоа го затскриваат под критичката мисла а некои пак се глупираат до таму што и јавно повикуваат да не се гласа за опозицијата.
Овие неамбициозни и неугледни копуци под грантови на СОРОС чиј проект ,,Ние одлучуваме” е со ПИАР ефект НУЛА сега вршат невидена медиска тортура на опозицијата цели два дена, кукаат и плачат за листите, два дена кемкаат за личниот став на Ферид Мухиќ околу абортусот, два дена кемкаат за пратеничкото место резервирано за човек на Лиле од ДОМ, два дена вршат релативизирање на работите и ставање на знак на еднаквост помеѓу прашање за абортус и прашање за криминал и корупција.
Ова што тие го прават е една обична перфидно осмислена харанга од една шака активисти против опозицијата и ништо друго кои само влечат одредени групации како магариња за уши да коментираат и да лаат контра опозицијата по социјалните мрежи, нити факти нити логика имаат во нивните ставови. Што се однесува до ставот на Ферид Мухиќ тоа е личен став или по сопствени убедувања, може и верски, ако веќе и така сакаат да го наречат, ама ова што го пропагираат како став е обична анти опозициска кампања од која само медиумските режимски бројлери имаат корист и никој друг и ништо друго.
Веќе ги видовме “авторитетните” како се самоутепаа по курир, република, нетпрес и разни куртон портали а за да биде врвна хипокризијата дел од овие граѓански активисти имаа и спектакуларни настапи на последноит митинг од опозицијата пред собрание.
Во право се некои луѓе околу фондацијата СОРОС за нивното финансирање на одреден затворен круг на НВО-а и здруженија кои се години назад позиција во опозиција па дури и во времето на ВМРО-ДПМНЕ како опозиција, трошат илјадници долари на промашени активности и активисти од кои никој нема бенефит нити пак со тоа има некакво подобрување во јавното мнение за актуелната политичка ситуација.