АЈДЕЕЕЕЕ, РЕД СЕ РЕДАТ МАЛЕЕЕЕЕ : Распишана потерница за Панчевски, на кој му е одреден 30-дневен притвор, потврди Чулев

0
299
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на денешната прес конференција рече дека поранешниот претседател на основниот Кривичен суд во Скопје, Владимир Панчевски се бара со потерница.

– Полицијата три пати го барала Владимир Панчевски но не го нашле. За тоа беше известен судот во Велес, по што беше распишана потерница по него. Сега надлежните проверуваат дали тој ја напуштил државава – рече Чулев.

Основниот суд од Велес на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје му одреди 30 дена притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС”, во кој тој е обвинет.