АЈДЕЕЕЕЕ, КАМЧЕВ ГО ИЗГУБИЛ УМОТ, НАМЕСТО ДА СЕ ИЗВИНИ ШТО САКАШЕ ДА ПРОФИТИРА НА ПАНИКАТА ОД КОРОНА: ПОДНЕСУВА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ И ОДРЕДЕНИ МЕДИУМИ КОИ ГО РУШЕЛЕ УГЛЕДОТ НА БОЛНИЦАТА СИСТИНА?!?!

0
344

Министерство за здравство не ги признава брзите тестови на Систина, одредени медиуми објавија стории за починати граѓани кои биле негативни на тестовите на Систина, додека пак други го обвинија Камчев дека се обидува да профитира на маката на граѓаните со масивна ПР кампања за тестовите на негови блиски медиуми кои сепак не се признати од министерството и народот џабе дава пари за нив.

Наместо да кочи тука и да ретерира, Камчев се закнува со кривични пријави за Венко Филипче и медиумите кои го валкале угледот на болницата?!?!

Ви пренесуваме текст објавен во порталот Инфомакс, неофицијално гласило на ВМРО ДПМНЕ блиско до Камчев:

Министерот за здравство Венко Филипче и еден македонски онлајн медиум поддржан од странски донатори се меѓу потенцијалните субјекти кои можат да бидат предмет на кривична пријава за изнесени лаги и невистини со кои се загрозува јавното здравје.

Приватната здравствена институција каде вчера влегоа инспекции и на која и беше забрането да објавува резултати од тестови за Коронавирус денеска реагира со најава за правна разврска на случајот во кој таа беше јавно нападната за својата работа.

Ко-подносител на кривичната пријава е и холандската компанија дистрибутер на тестовите за Коронавирус.

“Клиничката болница Аџибадем Систина е дел од втората најголема групациjа на болници во светот (IHH) и е првата болница која во земјата ја доби престижната акредитација за квалитет Joint Commission International (JCI) во 2016 година, а во текот на минатата година доби и потврда, односно реакредитација на златниот печат кој гарантира безбедност и сигурност за пациентите и вработените. Оваа најпрестижна болничка акредитација е потврда на високопрофесионална здравствена услуга за пациентите проследена со потврдено квалитетна опрема, технологија и кадар. Сето ова за нас значи одговорност за нивото на услуги кои ги пружаме на нашите пациенти”, се вели во реакцијата на Аџибадем Систина.

Книничката Болни ги негира сите лажни вести и најавува конкретни правни чекори за нападот од страна на здравствените власти и дел од медиумите.

“Во таа насока, во врска со сите шпекулации и дезинформации кои одредени медиуми ги предизвикаа и ги шират во јавноста во врска со брзите COVID- 19 IgG-IgM Rapid тестови кои покрај ПЦР тестовите се користат во Аџибадем Систина уште еднаш даваме наше појаснување.

COVID- 19 IgG-IgM Rapid тестовите се набавени од холандска компанија со која имаме ексклузивен договор за соработка. Оваа компанија е ексклузивен дистрибутер на овој бренд на тестови кои ги произведува друга компанија, исто така од Холандија. Овие тестови за производство и употреба се одобрени од холандската влада, а КБ Аџибадем Систина има и директна потврда дека конкретниот бренд на тестови помеѓу другите земји, потврда за професионална употреба има добиено и во Велика Британија и Саудиска Арабија кои важат за земји со исклучително ограничувачки и претпазливи регулативи во здравствениот систем.
Употребата на брзите тестови е потврдена и препорачана и од FDA – Американската Асоцијација за примена на храна и лекови која сигнализирше дека федералните регулатори се целосно задоволни со податоците за резултатите на тестот , а се поголем е бројот на земји кои се одлучуваат за користење на овие тестови како најбрзо и едноставно решение за проверка на имунолошкиот статус на населението, а преку тоа проверка дека лицата биле во контакт со вирусната инфекција, а со цел побрзо враќање во редовното функционирање.

Највлијателниот медицински англиски магазин исто така пренесува за екстремно зголемената побарувачка на овие брзи тестови од страна на министерствата за здравство и други владини органи во земјите зафатени со пандемијата на вирусот Ковид-19 https://bit.ly/2V0JF0r”, стои во реакцијата на Аџибадем Систина.

Како дополнување болницата во прилог доставува линкови од активностите поврзани со овие брзи тестови кои земјите зафатени од пандемијата ги преземаат.

САД https://nyti.ms/348xAum
Велика Британија https://bit.ly/2wdBK7H
Сингапур https://bit.ly/348frgp
Бугарија https://bit.ly/2JDzcD1
Франција https://bit.ly/2xM6hdd
Украина https://bit.ly/3dS9EzS

“Аџибадем Систина, како сериозна здравствена институција, со сериозна светска акредитација од самиот почеток ги објасни и јавно ги приложи сите детали во врска со овие тестови на граѓаните и понатаму нема никаква намера дополнително да дебатира со одредени платеници со дискутабилен кредибилитет за она кое го одработуваат.

Сметајќи дека дури и ним им е објаснето и приложено повеќе и од она кое го бараа на самиот почеток, КБ Аџибадем Систина до конкретните лица ќе поднесе кривична пријава за загрозување на јавното здравје преку невистинитите информации кои ги пласираат во јавноста и ширење на паника преку изнесување на лажни вести. Кон кривичната пријава ќе се приклучи и холандската компанија од која се набавени овие тестови”, стои во најавата за кривични пријави за најмалку две лица или правни ентитети во Македонија.