АЈДЕЕЕЕЕЕ И ВЛАДИКАТА ТИМОТЕЈ ТРГНАЛ ПО ПАМЕТОТ НА ПОГЛАВАРОТ РЕЏЕПИ, НА ТАА ПАРА ШТО ГИ ЗЕМААТ ЦРКВИТЕ ТРПЕЗИТЕ ТАМУ ЌЕ ИМ БИЛЕ ПРАЗНИ ЗА ВЕЛИГДЕН?! А ШТО Е СО ОНИЕ ШТО НЕМААТ ДА ЈАДАТ ЛЕБ И ШТО ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ РАБОТА БЕ?! НИВ ПОЛНИ ИМ СЕ?!

0
1388

Половина од приходите на црквите и на манастирите на МПЦ се од Велигден и тие сериозно се погодени од кризата, но ќе се воздржат од масовни церемонии, вели во интервју за порталот Независен, митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, владиката Тимотеј.

– Ние препорачуваме за Велигден најтесен круг на луѓе, но доколку некој не сака да го почитува тоа, ние нема да изигруваме полицајци и да бркаме некого од црквите.

На прашањето дали МПЦ ќе бара финансиска поддршка од државата, како што вчера побара реисот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, владиката Тимотеј вели дека за тоа сѐ уште не се разговарало ниту во Светиот архиерејски синод, ниту со Владата, но не ја исклучува таа можност.

– Ќе видиме дали има можности за тоа и какви се. И свештениците се оштетени, а Велигден е, празник над празниците, не можат тие да останат со празни трпези – вели Тимотеј.