АЈАКС И ТЕН ХАГ ЈА ОДБРАНИЈА ТИТУЛАТА ВО ХОЛАНДСКИОТ ШАМПИОНАТ НА ,,ЕРЕДИВИЗИЈА”

0
516

Фудбалерите на Ајакс ја одбранија титулата во холандскиот шампионат. Тие во претпоследното коло убедливо триумфираа на домашен терен со 5-0 против екипата на Херенвен. Домаќините брзо стигнаа до водство од 1-0 со голот на Таљифико во 19. минута.

На 2-0 зголеми Бергујс во 33. минута, а до крајот на првиот дел беше 3-0 со голот на Холер од пенал во 38. минута. Во вториот дел Бруби во 85. минута зголеми на 4-0, а конечните 5-0 ги постави Алварез во 90. минута. Со оваа победа на коло до крај „копјаниците“ имаат четири бода предност пред најголемиот ривал ПСВ Ајндховен.