АЦО МЕЧКА РАСКАЖА ПИКАНТЕРИЈА ЗА НЕГО И МИЦКОСКИ : ПО СУДЕЊЕТО НА ПРЕДМЕТОТ ,,ТАРГЕТ ТВРДИНА” ЈАС И МИЦКОСКИ СЕ ЗАМЕРИВМЕ ПО СООПШТЕНИЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ КАДЕ ОБЈАВИЈА ЗА ЈАНКУЛОВСКА ДЕКА Е ОСУДЕНА БЕЗ ДОКАЗИ, А ЗА МИЈАЛКОВ ДЕКА АКО МУ Е, МЕ ПРАША ШТО Е ТИ СИ СЕ ДОГОВОРИЛ, МУ КАЖАВ ДЕКА ТАКВО ПОЛА ПОЛА СООПШТЕНИЕ НЕ Е ПРИНЦИПИЕЛНО!

0
918
  • Интересно за јавноста кога почна Христијан Мицкоски лично да ми се јавува на телефон и да ми замерува. Тоа беше бидејќи јас следам судство како рубрика и тоа ми е струка, и почнуваше судењето за Боки 13 тогаш, предмет за кој што јас сум даден на суд поради што сум објавил службени тајни, државни тајни или не знам што и го чекам да почне судењето за ,,Меѓународен Сојуз”.Додека го чекав да почне судењето за ,,Меѓународен Сојуз” во тек беше судењето и рочиштето за ,,Таргет Тврдина” за опремата во УБК и прислушкувањето. И во тој предмет се изведува еден доказ каде се извади еден допис добиен преку меѓународна помош којшто обвинителството го има добиено во којшто луѓето од компанијата газдата,финансиски директор, директорот за набавки во дописот нели тоа оди преку Скотланд Јард и МВР каде ОЈО го изведува како доказ велат дека тие не познаваат ниеден човек од Балканот, никогаш не работеле на Балкан, не знаат каде се наоѓа Македонија и немале никогаш соработка со Македонија и не познаваат никој и на крај памет дека ги познаваат Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков.

    Јас го слушам тоа судење и ги гледам доказите којшто јасно упатуваат, крунски доказ е дека таму нема дело, значи не постои дело. Тоа е нешто како за Мерцедесот или за автопатот Кичево – Охрид, такво дело е тоа.

    Во делот на прислушкувањето Sвонко Костовски како сведок на прашање признава дека нити Гордана Јанкуловска нити Груевски нити Мијалков некогаш му побарале ставање на телефонски број на прислушкување. Човекотј којшто ги прислушкува луѓето, ги вадел снимките вели никогаш не би нарачал никој од овие луѓе прислушкување и вели дека е јасно кој ги порачувал, вели Верушевски и гркот. И добиваат затворски казни во прв степен, Јанкуловска, Мијалков.

    Јас се враќам во редакција и пишувам текст кој што е принципиелен дека се осудени без докази, што сум видел тоа сум пренел и дека Гордана Јанкуловска нема никаква допирна со приказната, дека Мијалков никогаш не побарал прислушкување на било кого и дека никој не набавил опрема за прислушкување на било кого.

    Јас го пренесувам тоа, ВМРО-ДПМНЕ пушта соопштение во коешто вели Гордана Јанкуловска е осудена без докази, а на Сашо Мијалков ако му е.

    И јас го пишувам тоа, бидејќи не може да биде еден суден без доказ а другиот може и ако му е и го пишувам текстот како што сум ја видел ситуацијата на рочиште и го објавувам.

    Прв што ми се јави беше Мицкоски, што ти си се договорил ми вика?! Јас му викам не сум се договорил ама многу е непринципиелно дека во исто рочиште за едниот имало а за другиот немало докази а дека едниот бил осуден без докази а на другиот ако му е.

    Му викам тоа е непринципиелно, прво за нас како медиум а втора работа сметам дека твојата политика е многу погрешна и треба да бидеш принципиелен. Или судството работи по инструкции и без докази и суди или судството според тебе е добро и работи со докази, не може пола пола.

Александар Митовски на ,,Инфомакс” раскажа пикантерија помеѓу него и расправата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.