Неофицијалните информации кои кружат во медиумите се дека Ахмети и Груевски се испазариле за старо-новата коалиција за која ДУИ барала шест министерски места и две заменички министерски места.
Неофицијално ДУИ ги добива МВР, Министерствата за транспорт, за локална самоуправа, за здравство.
ДУИ ќе го добие и местото претседател на Собранието, како и закон за употреба на албанскиот јазик на сите нивоа во администрацијата.
Дел од медиумите пишуваат и дека ВМРО-ДПМНЕ на ДУИ му ветува и пет државни секретари.
Сепак, најболната точка на Груевски, Специјалното јавно обвинителство за ДУИ преминало во втор план, односно доколку падне коалиција меѓу двајцата стари партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за СЈО допрва ќе се договораат.
Сепак, ова се само неофицијални информации, за кои доколку станат вистина ќе ве информираме дополнително.
Извор : Фактор.Мк