Ахмети останува во скутот на Грујо, ДУИ ќе гласаат “ЗА” новите министри

0
1047

ДУИ ќе ги поддржат новите предлози на премиерот Груевски за министри за транспорт и врски и за внатрешни работи . За нов министер за внатрешни работи е предложен Митко Чавков, а за транспорт и врски Владо Мисајловски-информира Фокус.

gruevski-ahmeti

Координаторот на пратеничката група на ДУИ-Талат Џафери, за Фокус вели дека не се точни информациите оти некој од министрите на албанската владејачка партија ќе си поднесе оставка, како и дека партијата ќе излезе од владата.

Според него денеска партијата ќе имала седница на претседателството и таму ќе ги утврдувале следните политички чекори.