Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, се обрати пред иселениците во Швајцарија, нагласувајќи ја загриженоста за состојбата со правата на Албанците во Северна Македонија. Во фокусот на неговиот говор беа прашањата за употребата на албанскиот јазик и легитимитетот на Владата во однос на албанскиот електорат.
„Мицкоски не може да формира влада без легитимитет од Албанците, затоа што ние освоивме над 60% од гласовите на албанскиот електорат,“ рече Ахмети, критикувајќи ја политиката на ВМРО-ДПМНЕ како националистичка и штетна за двете најголеми заедници во државата. Ахмети потсети на преговорите во 2016 година, кога, според него, ВМРО-ДПМНЕ побарале поддршка за отстапување на Никола Груевски од премиерската функција.
„Им реков дека тие работи треба сами да ги решат. Три месеци водевме преговори,“ изјави тој. Претседателот на ДУИ предупреди и за опасноста од руското влијание во земјата, подвлекувајќи дека единствена алтернатива за Северна Македонија е евроатлантскиот пат и силното партнерство со САД. Ахмети ја критикуваше неконзистентноста на албанските политички опоненти, потсетувајќи дека постигнале договор за поддршка на уставните измени, кој подоцна бил негиран