АХМЕТИ : НА 28 ЈАНУАРИ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ

0
343

Лидерите на парламентарните партии во понеделникот на тричасовна средба постигнаа договор за датумите за претседателските и парламентарните избори кои треба да се одржат идната година.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, најави дека од 28 јануари идната година, Северна Македонија ќе има премиер Албанец. Ова Ахмети го кажа на свеченоста на која ја прими титулата почесен граѓанин на Тропоја, Албанија.

Во својот говор, тој не откри кој ќе биде човекот што ќе ја води Владата во преодните 100 дена до одржувањето на парламентарните избори.

„Албанско-албанските граници нека останат мошти затоа што ги плативме со крв. Малку ме изненади Азган Хаклај кога рече верувам. Азган, нема верувам, на 28 јануари ќе има Албанец премиер на Македонија“, му одговори Ахмети на поранешниот пратеник во албанското собрание кој имаше обраќање пред него.

Лидерите на парламентарните партии во понеделникот на тричасовна средба постигнаа договор за датумите за претседателските и парламентарните избори кои треба да се одржат идната година. Првиот круг од трката за шеф на државата ќе се одржи на 24 април, а вториот круг ќе биде заедно со парламентарните избори на 8 мај. И 24 април и 8 мај 2024 г. се ден среда.

„Она што го заклучивме на средбата е дека редовните избори ќе се одржат на 24 април и тоа прв круг претседателски избори и 8 мај за втор круг претседателски и парламентарни избори. Согласно законот, техничка влада, односно пржинска влада, ќе има од 28 јануари и законската обврска која јас како премиер ја имам ќе се исполни, и секако коалицискиот договор ќе си биде исполнет“рече по средбата премиерот Димитар Ковачевски, кој на прес-конференцијата беше придружуван од коалициските партнери.