Ахмети му потврди на Заев дека ќе потпише импичмент на Иванов

0
1078

На средбата која денеска, според партиски извори, се одржала во седиштето на СДСМ на Бихачка лидерот на ДУИ, Али Ахмети го известил лидерот на СДСМ дека и тие ќе го потпишат импичментот за разрешување од функцијата претседател Ѓорѓе Иванов.

Пред еден час лидерот на ДУИ бил и во канцеларијата на ЕУ во Скопје на средба со евроамбасадорот Аиво Орави амбасадорот на САД Џес Бејли.
На излегување на прашање на новинар дали ДУИ ќе учествува на веќе распишаните избори за 5 јуни или ќе ги бојкотира лидерот Ахмети само кусо одговорил дека било се уште рано да се изјасни за тоа и одбегнал други прашања.