Пред малку резиденцијата на ЕУ во Пржино ја напуштил лидерот на ДПА Мендух Тачи без да даде изјава, а по него излезе и и лидерот на ДУи Али Ахмети, пренесува 24Вести.
Ахмети порача дека работните групи ќе продолжат со работа, а најголем проблем е законот за Влада, со кој што треба да се прецизирата надлежностите на министрите.
Во моментов во резиденцијата на ЕК се само лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и меѓународните претставници. Се очекувата нивните изјави, но и изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан.