АХМЕТИ И ГРУБИ ПРИСТИГНАА НА СРЕДБАТА СО ЕДИ РАМА ВО ТИРАНА

0
607

Премиерот Еди Рама во Тирана вечерва одржува средба со лидерите на албанските партии во Северна Македонија, на која присуствува и министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, јави „Њуз 24″.

-Тема на средбата е внатрешно-политичката ситуација во Северна Македонија, улогата на албанските партии во надминувањето на ќорсокакот во Македонија за обезбедување мнозинство, бидејќи Собранието мора да направи одредени уставни измени поврзани со напредокот и продолжувањето на процесот на евроинтеграции, наведува телевизијата „Њуз 24″.
Телевизијата потсетува дека на 19 јули 2022 година кога беа отворени преговорите за Албанија, преговорите беа отворени и за Северна Македонија, но со услов од Бугарија кој бара уставни измени со вметнување на бугарското малцинство во Уставот.
– Средбата ја свика премиерот Рама со лидерите на албанските политички партии во Северна Македонија. Учесници на средбата се Али Ахмети од ДУИ, Африм Гаши од Алтернатива, Мендух Тачи од ДПА и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците. Поканата ја одби Билал Касами од Беса, додава телевизијата.