Friday, January 17, 2025
0.8 C
Skopje

АХМЕТИ ВО ,,СТОУН БРИЏ” ХОТЕЛ НА КАФЕ СРЕДБА СО ГЕНЕРАЛИ ОД УЧК

Во „случајна“ посета на Скопје, на кафе во хотелот „Стоун бриџ“, кој е наспроти зградата на Уставниот суд, токму кога ДУИ со шатори пред Судот протестираше да не се чепка албанскиот јазик, доаѓаат генералите на УЧК Есад Чолаку, Ферид Бериша и Енвер Барди

Лидерите од Европскиот фронт Али Ахмети и Зијадин Села по вчерашниот протест пред Уставниот суд, кој заседаваше за уставноста на Законот за јазиците, седнале на кафе со тројца генерали од УЧК. Од ДУИ за „Слободен печат“ ја потврдија средбата, за која велат дека била случајна. Од партијата советуваат медиумите да не ја подгреваат атмосферата, но не откриваат детали за што разговарале Ахмети и Села со генералите на поранешна УЧК.

Во „случајна“ посета на Скопје, на кафе во хотелот „Стоун бриџ“, кој е наспроти зградата на Уставниот суд, токму кога ДУИ со шатори пред Судот протестираше да не се чепка албанскиот јазик, доаѓаат генералот Есад Чолаку, екскомандант на специјалната единица во Хрватска, генерал во Косово, командант Шкупи – Ферид Бериша, командант на специјалната единица на косовската ОВК и командант Барди – Енвер Барди, командант на специјалната единица на поранешна ОНА во Македонија.

Фотографијата од средбата се споделува на Фејсбук, а ја има и на фејсбук-страницата на Унија на Албанците од Хрватска, чиј претседател е токму Челику, каде што на фотографијата на генералите со Ахмети пишува: Не ми го чепкајте јазикот – формулација во одбрана на албанскиот јазик која ја користат лидерите од Европскиот фронт.

Минатиот месец Ахмети беше во посета на албанската дијаспора во Швајцарија и во Хрватска. Во недостиг на официјални информации, посетата на хрватскиот генерал на УЧК на Скопје се толкува како поддршка за Ахмети и за албанскиот јазик.

По одлуката на Уставниот суд да има подготвителна седница за Законот за употребата на јазиците во март, ДУИ ги собра шаторите, но побара оставка од претседателот на Судот Дарко Костадиновски.

Извор : Слободен Печат

ОВАА НЕДЕЛА

МУЦУНСКИ ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО НОВИОТ ШЕФ НА БУГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА, ГЕОРГ ГЕОРГИЕВ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски...

МАРТА КОС: РЕАЛНА ШАНСА ЦРНА ГОРА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА ЗА ВРЕМЕ НА МОЈОТ МАНДАТ ВО 2029 ГОДИНА

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави...

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ