АХМЕТИ : ВЛАДАТА НЕМА ЕТНИЧКИ ЛЕГИТИМИТЕТ, ЌЕ ГО ДЕМОНСТРИРАМЕ НАШЕТО НЕЗАДОВОЛСТВО

0
155

ДУИ денеска во Тетово одржа седница на Генералниот совет, на која претседателот на партијата Али Ахмети зборуваше за актуелните политички случувања во државата.

Ахмети ја критикуваше одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да формира влада со албанските партии кои изгубиле на изборите, наведувајќи дека оваа влада „нема етнички легитимитет“.

„Ние го оспоруваме и ќе го демонстрираме нашето незадоволство, нашиот револт со нивната неправедна одлука со која не се почитува легитимитетот што го стекна Демократската унија за интеграција. За нас е важен легитимитетот… Дадовме доказ дека не сме обврзани со чин и функција, туку сме заинтересирани за реални процеси кои ја движат земјата напред, создаваат политички и етничка стабилност“ рече Ахмети.

Тој ги истакна ризиците и дестабилизирачките влијанија во регионот на Западен Балкан, нагласувајќи дека „Не ни е удобно да правиме дневни политики. Сè уште немаме стабилни политики со нашите соседи… Околностите во регионот на Западен Балкан се доста чувствителни и потребно е решение“.

Според Ахмети, решенијата на Мицкоски не биле праведни и рече дека државата нема издржани политики со соседите, како со Грците, така со Бугарите.

„Промена на Уставот е неопходна, бидејќи сите граѓани добиваме од тоа во насока на забрзување на нашиот пат кон ЕУ. Секој застој во оваа насока ќе има превисока цена, како што сме ја платиле таа цена со грчката страна, може да платиме висока цена и со бугарска страна. Но, тука цената може да биде уште повисока, споредено со таа со грчката страна. Бројот на граѓани со бугарско државјанство расте секој ден. Можно е пакетот за членство во ЕУ, ако ние не ги направиме неопходните чекори, тој пакет и да биде изменет, Албанија да ги отвори преговори за членство во ЕУ, а ние да останеме назад и Албанија да стане членка, а ние држава со два народа кои имаат две различни државјанства. Со бугарско и со албанско државјанство, затоа овие пресметки треба долго да се размислат пред да се зборува и да се делува, рече Ахмети.