„Недозволиво е во време на пост, христијанин на христијанин да ви фрла грозни бомби. Малку да има памет лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе рече јас ова не го правам за време на пост. Ова е цело време во текот на строг пост. Ова е поткопување на религијата, на демохристијанскиот принцип, на културата, на традицијата“, изјави Валентина Божиновска, претседателка на Комисијата за верски заедници.
– Заев растура сѐ. Градејќи го ова за време на пост, ние доаѓаме до социолошко-психолошкиот момент – карајте се, убивајте се, Македонци не сакајте се. Ајде ќе се удавиме сите меѓусебе. Направи таква методологија, за време на пост го разруши принципот. Сето тоа што го градела ВМРО-ДПМНЕ како демохристијанска партија, тој го разурна за време на строг пост – вели Божиновска.
Оваа изјава наиде на потсмев на социјалните мрежи, но и на едно потсетување – што зборуваше Божиновска за Никола Груевски и за „портокаловите“ и нивниот „церебрален казамат во главите“. Еве го видеото од тој нејзин настап:
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=01PicBWao5I[/youtube]