Личните навреди и меѓусебната омраза биле секојдневие за министрите во владата на Груевски. Тоа го покажува нивното човечко и културно ниво, нивните вредности. Но, за граѓаните тоа нема суштинско значење. На виделина излегува целокупната нивна неспособност, посочија од СДСМ на прес конференцијата во Штип.
Од СДСМ рекоа дека Ставрески и Јанкулоска за Миле Јанакиески се изразуваат со најпогрдни зборови-за на крај да заклучат дека е лоша копија на Никола.
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=JXCGcKGzwwU[/youtube]
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески
ЗС: И копилево после имаше една друга точка на која што највише ме изнервира, се запна да му дадеме 2 милиони евра на ТАВ, за субвенции, за low…
ГЈ: Де бе со тој ТАВ, аман..
ЗС: Чекај бе му викам, тоа е вградено во бизнис моделот, он затоа концесијата ја доби, зошто ние треба да плаќаме
ГЈ: На тој ТАВ више што,..јас, знаеш, исто со него кога се раскарав за ТАВ, милион евра им извлеков, ама они ке си одат ако ги притискаме
ЗС: Цело време за нив само..
ГЈ: И викам, чекај бе
ЗС: Знам кога победија, тројца беа, знам знам кога беше твоето
ГЈ: И исто, зошто бе све да им попуштаме
ЗС: Ѓубре мало, коа запна
ГЈ: Ама ептен е безобразно
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески
ГЈ: Да де, да. И фактички ти ќе расипеш односи со десет други за да…
ЗС: Му ставил тој турчинот три бројки, му викал абе со тие три бројки колкава ќе е користа за Македонија. Абе му викам, основно дете од основно да ги чита бројкиве ќе види дека лажат у тоа. Глупак еден.
ГЈ: Не, ама мислам ние сме збореле, толку е површен, толку е…
ЗС: Ѓубре е, ѓубре. Значи ѓубре невидено е, полош е од сите. Значи другите може не знаат некои работи, може не им е, знаеш познато нешто.
ГЈ: Ама и посебно бе Зоки со тебе, сите овие години.
ЗС: Ѓубре невидено е Горде. Кога ова пред мене вака го прави, можам да замислам на само што се збори.
ГЈ: Значи на цела поддршка, на се што имаш напраено и тоа не денес, не вчера, него со години наназад.
ЗС: Не сум сретнал.. епа затоа толку се изнервирав.
ГЈ: Јас па не сум слушнала, баш тогаш изгледа само што сум заспала
ЗС: Не бе добро, ја знаев дека спиеш, онака од лутина не можев да издржам.
ГЈ: Не па јас сабајле коа видов викам човекот штом толку се изнервирал, сигурно е нешто сериозно.
ЗС: Абе знаеш како она перфидно онака покварено ги буцкаше работите.
ГЈ: Педерски.
ЗС: Значи најрасипано што може.
ГЈ: Да де, да.
ЗС: Сеа он сака да го направиме, ја не сакам нешто, или не знам… А за овие … многу сомнителен ми е, цело време истово го прави.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=P14s0yUzvJ8[/youtube]
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=e17Kg6_nfzY[/youtube]
ГЈ: Вчера, пријателов мој Миле, ми праќа една порака, мислам како.. само јас не се устручавам да му одговорам како шо мислам. Тој и тој предмет чека во МВР. И викам добро Миле, сега ќе ги вратам луѓево да видам што толку чека МВР што ги закочи инвестицииве. Предметот уште не е стигнат у архива. А, по состаноци и секаде..
ЗС: И тоа копиле, лоша копија е само направена од овој Никола.
ГЈ: Па, неинтелигентна верзија, тоа е.
ЗС: Да, глупа верзија, го виде како му го пуши?
ГЈ: Да бе, да.
ЗС: Не ти кажував детали, у Кина, абе као дете мало. Филмот шо го гледа он и овој го пушта.
ГЈ: Онака импресиониран, ко заљубен у нова девојка хаха. Ама тоа ти е незрел карактер. И сите лоши навики, од сите страни ги има собрано. Мислам, шо е тој речник, закочено е у МВР, чека у МВР. Неќни коа бев на пат, ми се јавува, брзо сообраќајна согласност за некој таму у Прилеп. Викам не можам, на пат сум. Еее, ми треба, пушти ми ја по факс. Викам извини Миле, јас документи по факс не пуштам, у затвор се оди за тоа. И шо има врска дали е согласноста петок или понеделник.
ЗС: Ниеден закон нема прочитано у животот.
ГЈ: И тоа пази, согласноста е за некои минерални суровини, тоа рудник е, не ќе го ископа рудников преку викенд… Идиотизам.