(АУДИО) „Заев ќе биде изрешетан ко куче, ќе лежам доживотно“, снимка на „Јутуб“ на која пишува дека Ченто и Ќосето зборуваат за ликвидација

0
1102

Шестминутна снимка од разговор прикачена на мрежата „Јутуб“ со најава за ликвидација на премиерот Зоран Заев и неговата фамилија е испратена до „А1он“. Според мејлот и насловот на разговорот, се тврди дека на снимката разговараат осудените лица Јане Ченто и Горан Ангелов – Ќосето.

Снимката е објавена на јутуб каналот именуван како „Кулата мала“.

Засега нема информација кој ја снимал. Еден од гласовите за кој се тврди дека се на Горан Ангелов – Ќосето и Јане Ченто, вели „убаво ми е во затвор“, од што може да се заклучи дека можеби снимката е направена додека тие се во затвор. Јане Ченто беше осуден на казна од 15 години која потоа од скопска Апелација му беше намалена на 13 години, додека Горан Ангелов-Ќосето доби затворска казна од 12 години, која Апелација му ја намали на 11 години.

Двајцата имаат затворски казни за крвавите инциденти на „27 април“. Не е разбирлив целиот разговор поради слабиот тон, но во дел од него зборуваат: „Заев ќе биде изрешетан ко куче“, „ќе му вратам последно да е“, „јас сум спремен да лежам доживотно“ „ако треба ќе умрам“. Снимката е именувана како „Јане Ченто и Ќосето спремаат ликвидација на Заев и семејството 25.04.2021“. Според наведениот датум во насловот, претпоставка е дека овој разговор се одвивал и бил сниман за време на изминатиот викенд, додека во Скопје се одвиваа протестите именувани како „Слобода за уставобранителите“.

Не си свесен ти.. тие лајк што му ставаат ќе ги.. а не па оние што раководат.. јас зборот си го држам… јас не ги… ко тебе.. брат, нема брат.. ко ќе р’чнеш р’чнато е.. ако треба ќе умрам… последно да ми е, јас ти кажувам дека Заев ќе биде изрешетан ко куче… Струмица.. со глава ти гарантирам.. три деца имам нема да си ги видам никад…памти ми го зборот… да го боли срцето…“, се зборува во дел од снимката, по што се слуша пеење и продолжува: „…ќе му вратам па последно да ми е.. прстот само да ми мрда доста е… не го оставам, не ги оставам…куртони… си земавте… нема да го спаси.. ќе го јадете заедно сосе него… јас ќе лежам к*р ме боли… јас сум спремен да лежам, доживотно можам да лежам.. убаво ми е во затвор да ти кажам, супер си се чувствувам… жими деца… уживам во затвор… апсолутно…само нека има за јадење… ако го фатам, ако не го фате… пуши ку*ац… жени деца, брат, сестра, се живо, масакар, масакар.. кур не ми чуе.. крв им ебам нивна смрдлива“, се слуша во снимката, во деловите кои се разбирливи.