(АУДИО) “БОМБА” на Зоран Божиновски: Како Миле Јанакиески во своја и во корист на Фамилијата успеал да го „нокаутира“ МАЛ РИНГ

0
534

Mile-Janakieski1-620x439

Новинарот Зоран Божиновски вечерва објави аудио бомба според која, како што пишува, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, во своја и во корист на Фамилијата на власт, успеал да го „нокаутира“ и МАЛ РИНГ, центарот на Скопје.

– Попатно, за себе, Мијалков и Груевски собирал и провизија. Презентирам доказна документација и аудио фајлови, поврзани со овој случај.
Ова е и случај поврзан со елиминација на градба на БУРМАЛИ ЏАМИЈАТА, каде локацијата е пренаменета за изградба на хотел. Во текот на пренамената, Миле Јанакиески од функција на министер за транспорт и врски, успеал да се испазари и да им плати на раководството на ДУИ и на ИВЗ, во чие име настапува реисот Сулејман Реџепи – да не реагираат никако, да си премолчат! – пишува Божиновски на Буревесник.