(Аудио)Мартин Протугер го кодоши Антонио Милошоски кај Гордето дека гради тајно куќа во медитерански стил: Земјиштето што го зеле,на име на Саше, он го има земено, оној што е патриотот за името, што збореше, што набилда рејтин!

0
1312

jankuloska-protuger

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протугер кој открива дека Антонио Милошоски тајно гради куќа, во медитерански стил. Протугер потврдува малверзации од страна на Милошоски, околу земјиштето на кое се гради куќата но и околу пријавувањето на друг имот на Милошоски.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=RxWJVjFSDkA[/youtube]

МП: Знаеш ли каква куќа градел?

ГЈ: Значи сепак си ја градел.

МП: Две куќи градат, со Саше. Саше ми е комшија прв, на Марија брат и.

ГЈ: Да де, овој од Вечер.

МП: Земјиштето што го зеле,на име на Саше, он го има земено, оној што е патриотот за името, што збореше, што набилда рејтин со една реченица.

ГЈ: Мартин, океј е и да гради куќа, има семејство треба да живее, ама зошто криеш, така? Океј е. ако имаш пари нека изгради, да е здрав и жив. Не е природно у шатор да живееш, природно е да сакаш да живееш убаво.

МП: Пријавил, ама пријавил куќа медитерански стил, пријавил дека станот го има купено пред да дојде на власт, а го купил година и пол откако дошол на власт.

ГЈ: Ама тоа ти викам, зошто да криеш , океј е , имаш министерска плата, може кредит да земеш, да изградиш, значи, покоректно е и кон фамилијата и кон јавноста и кон партија, природно е, да сакаш да живееш човечко, но зошто да криеш, да правиш малверзации.

МП: Шупак.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=I3FfoZltKN8[/youtube]

ГЈ: Абее конкретно тоаш ка те барав гледам за ова за докториве штрајков и нешто што ми падна вака у очи, пази излегува синдикатот на МНР и ги поддржува
ЗС: Кој синдикат?
ГЈ: На МНР…демократски бил чинот
ЗС: На МНР?
ГЈ: Да
ЗС: Не разбирам шо врска имаат тие и од кај имаат синдикат тие уопште
ГЈ: Епа еве имаат, пошо нели тие се топ министерства двете
ЗС: Да бе да мислам нај вака способните…
ГЈ: Хахаха мислам за тоа ми е коментаров иначе јак синдикат 20 души имаат…
ЗС: Е толку, сегде кај шо може да играат глувците, мачорот кај шо лошо ја врши работата тоа ти е…
ГЈ: Исто некни не знам дали забележа, мислам за ова те барав вака чисто да размениме муабет, некни за она кривично дело за функционери за у избори кога учествуваат, овие комуњариве предлагаат закон ние пљукаме ова она, недемократски вака така, МНР дава позитивно мислење за законот, предложен од СДСМ…
ЗС: Да бе да…
ГЈ Потпишано мислењето од министерот
ЗС: Да да се сеќавам…
ГЈ: Ние у иста влада сме или у различна?
ЗС: Нема време чоекот, многу е зафатен, у Индонезија, Виетнам доека сврти.